TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Мускат Отонел 2015

 

Тиквешко виногорје, Демир Капија

 

Состав: 100% Мускат Отонел

 

Опис на виното:

Мускат Отонел е извонредно бело вино со нежна жолта боја со зеленкасти ниjанси. Има интензивни ароми на мускат, кора од портокал, темјанушка и багремов цвет. Вкусот е балансиран и нежен со медени ноти на егзотичен фон. Свежите киселини создаваат впечаток на пријатна игривост во устата.

 

Комбинација со храна:

Препорачуваме да се конзумира на 10-12°C како аперитив, но исто така и во комбинација со бели меса, лута индиска храна, пикантни турски јадења  и млади жолти сирења. Прекрасно одговара и со кремасти и овошни десерти, а исто така и со сладолед. За арно, за убаво!

 

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,5 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 12,55%

 

Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето.  Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога  во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.

 

Создавање на виното:

- Мелење на грозјето и отстранување на дршките
- Ладење на гроздената каша
- Пресување
- Бистрење на ширата, одделена при пресување
- Ферментација при контролирана температура
- Процеси за стабилизирање и бистрење на виното