Природните убавини на регионот ја прават Попова Кула идеално место за Вашиот активен одмор. Во соработка со стручни лица Ви нудиме различни активности за време на Вашиот престој кај нас.
Река Дошница
Релаксирачка прошетка долж течението на прекрсната р. Дошница (со можност за пикник ручек). Река Дошница е една од најчистите реки во Македонија. Од нејзиниот извор што се наоѓа околу 20 км јужно-југозападно од Демир Капија под највисокиот врв на Кожуф Планина, па сé до Демир Капија нема населби или населени места. Пред да се влее во р. Вардар кај Демиркаписката Клисура, р. Дошница минува низ низините на демиркаписката долина сокриена од старата шума што расте долж нејзиното течение. (повеќе)
Возење велосипед - околу лозовите насади на Попова Кула
Набљудување птици
Демиркаписката Клисура е една од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според присуството на ретки птици мршојадци. Во соработка со локалниот орнитолошки клуб Ви нудиме тури за набљудување на птици со стручен водич. (повеќе)
Тврдина Просек
Малку понапорно пешачење до остатоците од античката тврдина Просек, комбинирано со умерено пешачење и лесно одење на враќање назад. Оваа тура е наменета за лица кои се подготвени на малку потешки физички активности. Тврдината Просек била стратегиско место, лоцирана на камениот рид од леват страна на Демиркаписката Клисура. Погледот од ова место е спектакуларен! (повеќе)
Село Клисура
Лесно до умерено тешко пешачење до напуштеноот село Клисура. Село Клисура се наоѓа јужно од Демир Капија, веднаш позади ридот Краставец. Ова е најстарото село во рамките на општина Демир Капија. Се ужива во прекрасната мирна природа опкружена со планини со можност за посета на црквата и манастирот во селото. Село Клисура исто така е одлично место за набљудување на птици. (повеќе)
Изгубениот свет - Село Радња
Длабоко во Кожуф Планина, забрането место за Турците за време на Отоманската Империја, се крие земјата на слободните - село Радња. Селото е настанато во раните денови на Отоманската Империја. Целосно е уништено за време на Втората Светска Војна и затоа денес е напуштено. Денес останува една вистинска приказна за изгубениот свет. (повеќе)
Тиквешка долина - тури за вински дегустации
Иако во Македонија има повеќе од 80 винарии најголемиот дел од грозјето и виното се наоќаат во Тиквешијата, па затоа и најголем дел од винариите се наоќаат токму тука. Сите винарии се лоцирани на во радиус од 30 км од Попова Кула што овозможува лесна и брза посета на оние кои што се отворени за туристи. (повеќе)
Село Челавец
Средно напорна тура за пешаќење по течението на Јуручка Река до село Челавец. Спектакуларно почетно место - помеѓу двата тунели во демиркаписката Клисура, а потоа се продолжува кон малата но прекрасна клисура на Јуручка река. (повеќе)
Топли вирови на р. Дошница
Вистинско скриено богатство за туристите - освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат. (повеќе)
Часови за готвење традиционални македонски јадења
Едно од нештата кои треба да ги задолжително да ги направите кога сте во посета на Македноја е да ја пробате локалната храна. Незаборавно искуство ќе биде и да се обидете да научите да го приготвите Вашиот омилен македонски традиционален оброк. Ние Ви го нудиме ова незаборавно искуство. (повеќе)
Часови за традиционални танци и ора
Македонија има богато музичко и фолклорно наследство. Додека сте тука би било незаборавно искуство подобро да запознаете дел од ова културно богатство. Ние Ви го овозможуваме токму ова. (повеќе)
Искачување карпи
Демиркаписката Клисура е една од најдобрите места во светот за качување по карпи. Ова место е избор на професионални алпинисти од целиот свет. Сепак тоа е совршено место и за почетници или ентузијасти. (повеќе)
Резервации:
e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тел: + 389 43 367 400
моб. 1: + 389 76 432 630
моб. 2: + 389 76 432 640
За навремени и дополнителни информации во врска со турите што ги организираме станете член на нашата листа за добивање електронски понуди.