TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Локација | Нашето име | Изградба | Применета технологија | Грозје&Берба | Нашата филозофијаy | Нашиот тим
Првата прослава на Пресвета Богородица - 28 Август 2005 | Нашата прва берба | First Saint Trifun's Day Celebration
Прв добротворен настан - 15 Декември 2006

 

ЛОКАЦИЈА

1 SpringinDemirKapijavalley
2 Closetothehighway
3 HillaboveDemirKapija
4 Wineryandvineyards-birdperspective
5 Wineryandvineyards-birdperspective
6 Wineryandvineyards-birdperspective
7 Wineryandvineyards-birdperspective
1/7 
start stop bwd fwd
Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија  во близина на автопатот Е-75.

Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.

Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.

Демиркапискиот регион располага со одлични климатски и почвени услови за одгледување на винова лоза.

Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска  и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина.  Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба.

Кога прв пат дојдовме на ова место ние знаевме дека ова е идеалната локација за нашите лозови насади и винарска визба. Преку сликите објавени на нашата интернет страница ќе се обидиме и вам да Ви го покажеме тоа. Меѓутоа Ве покануваме да не посетите и самите да ги доживеете убавините и магијата на регионот. Сигурни сме дека и Вие ќе ја поддржите нашата одлука за локацијата.

go to top

 

НАШЕТО ИМЕ

За да останеме верни на традицијата и историското наследство на регионот, нашата винарска визба своето име го доби според една значајна кула, Попова Кула којашто некогаш служела како важна контролна точка на стариот Римски пат што поминува во близина на нашата локација.

Попова Кула била значајно обележје во регионот, но за жал била уништена.  Сепак самиот локалитет се вика Попова Кула  што беше наша инспирација за изгледот на градбата но и за името на нашата визба.

go to top

 

ИЗГРАДБА

01 Popova Kula - Greenfield Operation
02 Popova Kula - Greenfield Operation
03 Popova Kula - Greenfield Operation
04 Popova Kula - Greenfield Operation
05 First drawings
06 First drawing
07 First drawing
08 Design
09 Construction
10 Construction
11 Construction
12 Construction
13 Construction
14 Construction
15 Construction
16 Construction
17 Construction
18 Construction
19 Construction
20 Construction
21 Construction
22 Construction
23 Construction
24 Construction
25 Construction
26 Construction
27 Construction
28 Construction
29 Construction
30 Construction
31 Construction
01/31 
start stop bwd fwd
Винарска Визба Попова Кула е “greenfield”  инвестиција. Изградбата на винарската визба ја започнавме на 08 Октомври 2004 и до празникот Богородица, 28 Август 2005 бевме подготвени за првата берба и обработка на првото грозје.

По завршувањето на првата фаза и целосниот производствен капаcитет, морaвме да чекаме уште две години пред да отпочнеме со работа со вински туризам. Конечно на Св. Трифун, 14 Февруари 2009 ја завршивме изгтадбата на хотелот и ресторанот.

Во галеријата имаме објавено слики што го покажуваат процесот на изградба на ВВ Попова Кула.

go to top
 

ПРИМЕНЕТА ТЕХНОЛОГИЈА

01 Placing the tanks
02 Placing the tanks
03 Placing the tanks
04 placing the tanks
05 placing the tanks
06 Fermentor tanks
07 American Oak
08 DSC_0445
09 DSC_0447
10 Aging bottled wine
11 DSC_0432
01/11 
start stop bwd fwd
Ние во Попова Кула kористиме мали цистерни за фермантација на виното со цел за време на секоја фаза на ферментација да можеме да ја контролираме и регулираме температурата во секоја цистерна посебно.

Исто така употребуваме буриња направени од американски, француски, унгарски и македонски даб со различен степен за печење.

Во склоп на винарската визба располагаме со магацини и бокс палети за чување и зреење на флашираното вино во услови на контролирана  температура.

Иако сме мала винарска визба, располагаме и со сопствена лабораторија во која ги извршуваме основните анализи на виното и грозјето.

 

go to top

 

ГРОЗЈЕ И БЕРБА

01 Harvest
02 Harvest
03 Harvest
04 Harvest
05 Harvest
06 Harvest
07 Harvest
08 Harvest
09 Harvest
10 Harvest
11 Harvest
12 Harvest
13 Harvest
01/13 
start stop bwd fwd
Ние произведуваме вино од 11 различни сорти грозје:
- Станушина
- Вранец
- Прокупец
- Кабернет Совињон
- Мерлот
- Совињон Бланк
- Темјаника
- Шардоне
- Жилавка
- Мускат Отонел
- Мускат Хамбург.

На нашите лозови насади одледуваме Станушина, Вранец и Кабернет Совињон, а останатите сорти грозје ги откупуваме од малите локални производители. Во регионот на Демир Капија има повеќе од 700 фамилии што имаат мали лозови насади. Ние избравме да соработуваме со неколку од нив, лоцирани на не повеќе од 10 км од винарската визба и кои произведуваат високо квалитетно грозје.  Во текот на годината сме во постојана соработка со избраните производители со цел да се осигураме дека грозјето ќе го има бараниот квалитет и здравје.Грозјето се бери рачно, во мали гајби и веднаш се носи во винарската визба.

Во галеријата се објавени слики од процесот на берба на грозје.

go to top

 

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Зборот глокализација ја опишува нашата филозофија.

Живееме во ера на глобализација, од која што произлегуваат некои општи вредности, навики, производи, услуги и брендови во светот. Во винската индустрија овој процес на глобализација истакна некои сорти на грозје, како што се Шардоне и Кабернет Совињон, или Мерлот и Совињон Бланк, како резултат на нивните извонредни каректеристики.  И ние сме љубители на овие сорти и произведуваме вино од нив на коешто сме многу горди.

Меѓутоа, силно веруваме дека локално и регионално располагаме со сорти кои имаат извонредни каректеристики и дека виното од нив би можело да им се допадне на потрошувачите ширум светот.

Денес ние сме единствениот производител во светот на вино од автохтоната македонска сорта Станушина. Исто така сме едни од малкуте винарски визби на Балканот кои произведуваат вино од сортите Прокупец, Жилавка и Темјаника. Не помалку важно е да напоменеме дека произведуваме и вино од сортата Вранец и како и останатите македонски произведители сонуваме за денот кога Вранецот ќе се промовира на светските пазари како идното големо црвено вино. Ве покануваме да ги пробате овие вина.  Сигурни сме дека ќе бидете пријатно изненадени.

И во хотелот и ресторанот ние ја имаме истата филозофија. Додека се обидуваме да ги постигнеме највисоките угостителски стандарди и ХАССАР системот, ќе Ве услужиме со нашите наубави традиционални оброци, како и храна од различни интернационални кујни.

Веруваме дека поддржувањето на локалната економија е од есенцијално значење не само за општината, туку и за нашите гости. Со локално набавените состојки приготвуваме вкусни специјалитети по мерак на нашите гости.

go to top

 

НАШИОТ ТИМ

01 Our team
02 Our team
03 Our team
1/3 
start stop bwd fwd
Stanushina grape variety does not require the same attention in the vineyard as the other varieties. It is ideally adapted to the climate in Macedonia and has strong resistant vine. It could wait for you in the vineyard. But once it is in the winery it is a completely different situation. Beside the technology and the knowledge applied it needs a lot of care, passion and love to produce great Stanusina wine.  We are the only winery as of the time being that produces Stanusina wine.  That tells you everything about what kind of people we are.

And, on the end of the day it is about the people involved.

go to top
 

ПРВАТА ПРОСЛАВА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – 28 АВГУСТ 2005

01 Church Saint Mary
02 Church Saint Mary
03 Saint Mary
05 Saint Mary
06 Saint Mary
1/5 
start stop bwd fwd
Според православниот календар на 28 Август е св. Богородица, еден од најголемите празници помеѓу христијаните и еден од најпразнуваните помеѓу Македонците.  Ова е особено важен празник за жителите на Демир Капија, бидејќи Пресвета Богородица е заштитничка на градот и градската црква го носи нејзиното име.

Негувајќи ја традицијата и ние во Попова Кула го славиме овој празник. Во 2005 година ја завршивме изградбата на винарската визба и токму на овој ден имавме свечено отворање и забава. Во фото галеријата се објавени слики од отворањето и како и од локалната црква.

Секоја година обележувањето празникот на Пресвета  Богородица е многу значаен за нас.  Со подготовки за берба вообичаено започнуваме на почетокот на јуни кога изготвуваме почетен план за бербата. До 10 Август сите вработени се вратени од своите годишни одмори и возбудата околу почетокот на новата берба е најголема. Потоа, помеѓу 20 и 25 Август започнува бербата на Шардоне како тест за спремност за берба. и тогаш, околу празникот на Пресвета Богородица имаме неколку слободни денови пред да започне бербата на Совињон Бланк. Така, возбудата околу новата берба, радоста дека сме во можност да правиме нови вина и желбата и пасијата да направиме подобри вина отколку минатогодишните се она што ја прават оваа прослава толку посебна за нас.

Ако сте во близина на Винарската Визба Попова Кула на таа дата не заборавајте да ни се придружите во нашата прослава.

go to top

 

НАШАТА ПРВА БЕРБА

01 Final planing for the first harvest
02 First grape has arrived
03 First grape - Sauvignon Blanc
04 First grapecrushing
05 End of the first harvest
1/5 
start stop bwd fwd
Ако го прочитавте нашите погоре раскажани приказни и ги погледнавте објавените слики сигурно сте во можност да разберете како се чуствувавме после 11 месеци напорна, временски дефинирана работа на изградбата на визбата, набавка и инсталирање на потребната опрема, планирање на лозовите насади а се наоѓавме на чекор од првата берба.

Дали сме подготвени? Можеме ли да го направиме ова? Дале е опремата во ред? Способни ли сме да произведеме високо квалитетно вино? За време на финалните тестирања на опремата сфативме дека еден дел од вградената опрема има фабричка грешка. По исцрпувачката работа со нашиот добававач, утрото на 9 септември, успеавме да ја добиеме новата машина. До 13 часот успеавме да ги завршиме царинските процедури, да ја донесеме, исчистиме и инсталираме. Но немавме време за тестирање. Одлучивме дека првото грозје ќе служи како тест. Ризикувајќи отпочнавме со прием на Совињон Бланк истиот ден. Штотуку исчистивме и поврзавме сè пристигна и првиот трактор со грозје во бизбата.

Месец подоцна,  на 9 Октомври, во раните утрински часови завршивме со последното муљање на грозје за таа прва сезона.

Во првата оперативна година успеавме да произведеме вино од сортите Совињон Бланк, Мерлот, Вранец, Кабернет Совињон и Станушина.

Скоро сите од вината произведени од првата берба во 2005 г. се повеќекратни добитници на награди и признанија ширум светот. Но Совињон Бланк има многу специјална приказна.  Потрошувачите од Македонија ни возвратија со коментари дека ова е едно од најдобрите бели вина што некогаш ги пробале. До декември 2006 останавме со само 600 шишиња (100 пакети) од ова прекрасно вино. Ги продадовме овие шишиња на аукциски настан, собирајќи повеќе од 500 000 денари што ги дониравме во добротворни цели на националната институција за згрижување на лица со интелектуални попречувања лоцирана во Демир Капија.

Не не прашувајте зошто еден од најубавите апартмани во нашиот хотел е именуван Совињон Бланк. Сега знаете.

Во фото галеријата Ви прикажуваме:
- слика од последната седница на планирање на бербата 2005 одржана во просториите на денешната кујна во ресторанот,
- првиот трактор со грозје и првиот добавувач,
- првото грозје (Совињон Бланк) што пристигна во визбата,
- отпочнување со муљање на грозјето,
- Винарска Визба Попова Кула утрото на 9 Октомври 2005 кога ја завршивме првата берба.
 

go to top

 

ПРВА ПРОСЛАВА НА СВ. ТРИФУН – 14. Февруари 2006

01 First St.Trifun
02 First St.Trifun
03 First St.Trifun
04 First St.Trifun
05 First St.Trifun
06 First St.Trifun
07 First St.Trifun
1/7 
start stop bwd fwd
Според православното христијанство Св. Трифун е заштитник на лозарите и на виновата лоза. 14 февруари е ден кога се слави Св. Трифун.

Традиционално, на овој ден винарските визби во Македонија организираат забави и лозарите го закројуваат лозјето.

Во согласност со оваа убава традиција и ние го правиме истото. На овој ден започнуваме со кроење на лозовите насади и правиме забава за нашите кооперанти, пријатели и посетители. Во фото галеријата се прикажани фотографии од првата прослава на Св. Трифун во ВВ Попова Кула.

Ве покануваме да ни се придружите на овој ден.

go to top
 

ПРВ ДОБРОТВОРЕН НАСТАН – 15 ДЕКЕМВРИ 2006

01 First Charity Event
02 First Charity Event
03 First Charity Event
04 First Charity Event
05 First Charity Event
1/5 
start stop bwd fwd
На 15 Декември 2006, заедно со уште неколку ко-спонзори, го организиравме нашиот прв добротворен настан – аукциска продажба на последните 600 шишиња (100 пакети) вино Совињон Бланк 2005.

Ова беше спектакуларен настан кадешто успеавме, во три аукциски рунди, да ги продадеме  сите 100 пакети вино и собравме повеќе од 500 000 денари за националната институција за згрижување на лица со интелектуални попречувања лоцирана во Демир Капија.

Горди сме што и нашиот ангел, Тоше Проески, беше еден од нашите гости, а ја имаше и една од највисоките понуди на аукцијата.

Во фото галеријата прикажани се слики од овој настан.

go to top