TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Ние сме релативно нова винарска визба. Меѓутоа нашата јасна визија и одлучноста кон остварување на истата не водеа кон производство на високо квалитетно вино. Мило ни е што и сомелиери од целиот свет го потврдија високиот квалитет на нашите вина. Еве ги нивните мислења за нашите вина:

 

The Sommelier’s Palate – Tahiirah Habibi Allen, Sommelier at Michael’s Genuine Food and Drink, Miami, Florida

Кликнете на линкот даден подолу за да го прочитате написот "The Sommelier’s Palate – Tahiirah Habibi Allen, Sommelier at Michael’s Genuine Food and Drink, Miami, Florida". Tahiirah Habibi Allen, сомелиер во Michael’s Genuine Food and Drink, Мајами, Флорида, за Станушина Розе на Попова Кула напиша дека е избор во шесте вина кои се оддвојуваат од другите, се инспиративни и коишто ќе ги насочат луѓето кон винско откритие и просветлување. 

http://www.thewanderingpalate.com/the-sommeliers-palate/the-sommeliers-palate-tahiirah-habibi-allen-sommelier-at-michaels-genuine-food-and-drink-miami-florida/

 

Напис во VINTROSPECTIVE блог за вино

Станушина е автохтоно македонско вино, малку познато надвор од границите на Македонија и ми беше кажано дека не може да се најде на друго место во светот.  Ги пробав Станушина Барик и Станушина Розе од производителот Попова Кула и двете беа зачудувачки добри. Со бледа боја и полесно тело  и двете вина покажаа интензивна арома на бобинки со нишки од сушени билки, богати вкусови на непцето и со прекрасен свеж стил. (Joel Mack)

Целиот натпис на: http://www.vintrospective.com/wine/wines-of-macedonia-nyc-2014/

 

Приказната на ВВ Попова Кула раскажана на Wine Adventurers

Кликнете на линкот подолу за да го прочитате написот за ВВ Попова Кула на Wine Adventurers и погледајте го видеото со нашиот главен готвач како прекрасно пее! (Напис напишан од Barney Lelrer.)

http://www.wine-adventurers.com/barneys-blog/the-kingdom-of-wine

 

Напис Go Eat Give

Кликнете на линкот подолу за да го прочитате написот за македонските вина иВВ Попова Кула објавени на веб-порталот Go Eat Give.  (Напишан од Sucheta Rawal, наградуван патеписец за храна и вино, која отпатувала во над 50 земји.)

http://www.goeatgive.com/wines-of-macedonia/

 

Станушина - македонско девојче, ѕвезда помеѓу вината!

Кликнете на линкот подолу за да ја прочитате приказната за нашите вина од уникатните винска сорта Станушина на српската веб страница за критика на вина и храна Restoranca.

http://www.restoranca.rs/stanusina-makedonsko-devojce-zvezda-medu-vinima/

 

П.С. Првата и последната слика од фото галеријата се преземени од:
Блог за апстракции, култура и други концептуални фотографии со останата тематика од БХ Нили.