TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Каберне Совињон

Тиквешки вински регион, Демир Капија

Состав: 100% каберне совињон

Опис на виното:
Нашиот Каберне Совињон е извонредно суво црвено вино со жива и блескава боја. Хармонија од ароми на печени пиперки и димени тонови во комбинација со шумски плодови и џем преовладува во виното. Телото е полно со пријатна свежина што го прави овој Каберне добар за конзумирање и после 4 години. 

Комбинација со храна:
Препорачуваме да се комбинира со црвени меса, мисирка и дивеч на температура од 18-20°C.

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 6 грама на литар
Шеќери: 2 грама на литар
Алкохол: 13%

Берба:
Целата година беше година на предизвик. По умерените температури во февруари, сезоната на растење на грозјето започна со силни пролетни мрзнења, што предизвика сериозна опасност за годишниот принос. За среќа, во летниот период температурата беше прилично висока, што е типично за Тиквешкиот регион. Тимот на гроздоберачите и винарите се посветија себе си и посветија посебно внимание,  виното произведено од оваа берба да биде со посебен квалитет. Грозјето се собираше рачно во два периоди: од 24 до 26ти Септември и од 4ти до 10 Октомври.

Создавање на виното:

  • Грозјето се меле и се двојат  дршките
  • Се става во инокс  танкови за ладна мацерација овозможувајќи одличен развој на аромите и вкусовите од грозјето
  • 30 дена на алкохолна и јаболчно млечна ферментација
  • Процеси на бистрење, стабилизирање и флаширање
  • Виното се остава да одстои 6 месеци во шише