TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

 Жилавка 2015

Тиквешки вински регион, Демир Капија

 

Состав: 100% жилавка

 

Опис на виното:

Жилавка е извонредно бело вино кое се одликува со жолтозелена боја со сјајна ниjанса, карактеристична за сортата. Аромата е комплексна, овошно-вегетативна, при што доминираат аромите на свежо искосена зелена трева,  македонски билки и сочни ароми на зелена праска и диња. Вкусот е полн, свеж, со изразен минерален карактер и пријатна горчина во финишот. Балансираните киселини во вкусот му придаваат исклучителна свежина на ова вино. 

 

Комбинација со храна:

Препорачуваме да се пие добро изладено на температура од 10-12°C како аперитив, или во комбинација со риба, морска храна и пилешко, но исто така добро оди и со козјо сирење  и  едамер. За арно, за убаво!

 

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,3 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 12,9%

 

Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето.  Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога  во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.

 

Создавање на виното:

- Ладење на грозјето
- Мелење и пресување при одржување на константна температура од 14 C
- Бистрење на ширата    
- Ферментација при контролирана температура
- Процеси на бистрење и стабилизирање на виното
- Флаширање