TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

News

Трет македонски саем за туризам во Охрид

Винарска Визба Попова Кула е учесник на третиот интернационален македонски саем за туризам во Охрид, Македонија 17-19 Јануари 2010.

 Промоција на две нови вина

На Св. Трифун - 14 Февруари 2010, промовиравме две прекрасни нови вина:

 

Во контекст на нашите визија и мисија, започнуваме со производство на повеќе различни видови вино од македонската сорта Станушина. Нашето регуларно вино Станушина е произведено со технологија на производство на црвени вина. Станушина розе е произведена со технологија за производство на бели вина. Во текот на годината планираме да пуштиме во продажба и Станушина Барик, со што ќе ја комплетираме линијата на производи од оваа сорта грозје.

 

 

 

Со пуштање во продажба на Мерлот 2007 Perfect Choice ја комплетираме линијата на Perfect Choice производи. Првите две вина од оваа линија Cabernet 2005 Perfect Choice и Вранец 2005 Perfect Choice се добитници на повеќе награди и признанија. Мерлот 2007 Perfect Choice е уште едно извонредно вино од Винарска Визба Попова Кула способно да ги плени потрошувачите ширум светот.

 

 

Св. Трифун – 14 Февруари 2010

И оваа година, традиционално, заедно со нашите деловни партнери и пријатели на 14ти февруари го прославивме Св.Трифун. Дегустирајќи ги новите вина и уживајќи во звуците на прекрасната македонска народна музика се забавувавме до доцна попладне. Подолу следуваат неколку фотографии од прославата.

    

    

 

ProWine-Интернационален саем за вино и алкохолни пијалоци, Дизелдорф

Од 21 до 23 март 2010 година, ВВ Попова Кула заедно со уште 10 други македонски винарии учествуваше на интернационалниот саем за вино и алкохолни пијалоци ProWine-International Trade Fair Wine and Spirits во Дизелдорф. Ова истовремено претставува и една од поголемите заеднички промоции на македонските винарии надвор од земјата.

 

Direct flight Amsterdam - Skopje - Amsterdam

We would love to inform you that the tour operator Karatanova Tours from Netherlands has established direct flight Amsterdam -Skopje (Ohrid) - Amsterdam.