Драги наши читатели,
Препознајте ги аромите кај нашите црвени вина со помош на овој мал тест. За ова ви се потребни три наши црвени вина – Мерлот Перфект Чоис, Прокупец и Вранец 2006 и неколку различни видови намирници: малку свежи рибизли, боровинки, цреши и модра слива, сува смоква и филџан капучино.
Сипете ги различните вина во различни чаши и напоредно мирисајте ги вината, овошјето и кафето.
Обидете се да распознаете кои од аромите на овошјета и кафето можете да ги препознаете кај трите наши црвени вина. На крај споредете ги вашите заклучоци со податоците од задната етикета на нашите вина.