TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Совињон Блан 2015

 

Тиквешко виногорје, Демир Капија

 

Состав: 100% Совињон Блан

 

Опис на виното: 

Совињон Блан е извонредно суво бело вино со бледо жолта и нијанси на зелена боја. Комбинацијата од ароми е извонредно богата со доминација на тропски овошја, бела праска и бели цветови. Виното има прекрасна хармонија и структура и добро избалансиран вкус со впечаток на пријатна свежина и долготраен финиш.

 

Комбинација со храна: Препорачуваме да се конзумира на 10-12°C со пилешко, риба или сирење. Исто така оди добро во комбинацијата со чоколадна торта.

 

Анализа на виното:
Вкупни киселини: 5,3 грама на литар
Шеќери: 1 грам на литар
Алкохол: 13,3% вол.

 

Берба:
По умерените температури во февруари , пролетта и почетокот на летото се одликуваа со пониски температури од вообичаените за Тиквешкиот регион. Во втората половина од летото сепак имавме доволно сонце и топлина што овозможи нормално зреење на грозјето.  Врнежливото време во текот на септември доведе до нешто покасна берба. Бербата на грозјето се одвиваше во време на негова технолошка зрелост, момент кога  во грозјето има најдобар баланс помеѓу шеќерите и киселините. Грозјето се береше рачно, а времето на берењето беше многу рано наутро или доцна навечер кога температурите се пониски со цел да се зачуваат аромите.

 

Создавање на виното:

- Грозјето се меле и се става во инокс танкови на мацерација (процес при кој што се ставаат ензими за да се извлече аромата)
- Овој процес трае 6 до 8 часа при температура од 8 – 10 ˚С степени
- Гроздовата каша се пресува, самотокот се двои во друг сад, се бистри и потоа се ставаат    селекционирани квасци за ферментација
- Грозјето се меле и се става во инокс танкови на мацерација (процес при кој што се    ставаат ензими за да се извлече аромата)
- Алкохолната ферментација трае од 15-20 дена при температура од 14-15 степени
- Обработки на стабилизирање и бистрење на виното