TRIP ADVISOR

Booking

 

TRIP ADVISOR

 
 

Нашата визија

Винарска Визба Попова Кула ќе стане добро познат производител на високо квалитетни вина од Македонија што се бараат и посакувана туристичка дестинација.

Нашата мисија

  • Да ги зачуваме регионалните и локалните  сорти на вино и да ги промовираме светскиот пазарот.
  • Да ја промовираме Македонија како земја на виното.
  • Да го развиеме винскиот туризам и винската култура во Макдонија.

Цели

Да постигнеме повеќе од 20% IRR (внатрешна стапка на поврат) за инвеститорите преку високо квалитетни производи и улуги и преку супериорен маркетинг микс.

Стратегиски приод

Винарска Визба Попова Кула е основа во 2004 година како друштво со ограничена одговорност од страна на група од 19 инвеститори.
На 08.05.2005 Винарска Визба Попова Кула стекна дополнителен капитал и прерасна во акционерско друштво.

Компанијата има 2 700 000 обични акции, со номинална вредност од 61,50 денари или 1,00 евро.

Од 14.06.2007 година акциите на Винарска Визба Попова Кула котираат на македонската берза за тргување со хартии од вредност на пазарот на  друштвa со посебни обврски за известување под ISN: MK POPK 101014. (www.mse.com.mk)

Интеко Доо Импорт-Експорт Скопје е најголем акционер со сопственост на 50,58% од акциите (www.cdhv.com.mk) и тие не се нудат за продажба. Во случај Интеко Доо Импорт-Експорт Скопје да одлучи да ги продава своите акции информацијата ќе биде благовремено објавена.

Со останатите 49,42% од акциите се тргува на Македонската берза на хартии од вредност.

Компанијата има Одбор на директори составен од седум членови, шест не-извршни и еден е извршен член. 


Григори Поповски,
Претседател на ОД,
не-извршен член
кратко CV
 

 

Јордан Трајков,
извршен директор,

 

 

Зоран Колев,
не-извршен член
кратко CV


Златко Данев,
не-извршен член
кратко CV

 

 

 

 


Климе Бабунски,
не-извршен член
кратко CV

 

 

Винарска Визба Попова Кула редовно доставува извештаи до Комисијата за хартии од вредност.

Извештаите можете да ги преземете од интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност  http://www.sec.gov.mk/, а во иднина ќе можете да ги превземате и тука.

Aкционерско собрание 08 јуни 2015

На 28.05.2014 година (среда), со почеток вo 10.00 часот во градски ѕид блок 13 Скопје, простории на Македонија Сообраќај АД Скопје, сала за состаноци, ќе се одржи редовно собрание на акционери на Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија. Во продолжение можете да ги симнете потребните материјали за собранието.

Aкционерско собрание 09 јуни 2016

На 09.06.2016 година (четврток), со почеток вo 10.00 часот во градски ѕид блок 13 Скопје, простории на Македонија Сообраќај АД Скопје, сала за состаноци, ќе се одржи редовно собрание на акционери на Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија. Во продолжение можете да ги симнете потребните материјали за собранието.

Aкционерско собрание 07 јуни 2017

На 07.06.2017 година (среда), со почеток вo 10.00 часот во градски ѕид блок 13 Скопје, простории на Македонија Сообраќај АД Скопје, сала за состаноци, ќе се одржи редовно собрание на акционери на Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија. Во продолжение можете да ги симнете потребните материјали за собранието.